Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2018

Роналдо со хет-трик го зачини спектаклот во Сочи, Шпанија – Португалија 3-3

Шампионот на Европа водеше по првото полувреме (2-1), но извлече реми со мајсторството на најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо во 88-мата минута од слободен удар.

Класикото на првото коло беше одигран во Сочи - дуелот меѓу двете екипи од Пиринејскиот Полуостров, шампионот на Европа од 2016 Португалија и владетелот на планетата од 2010 Шпанија.
На крајот резултатот беше 3-3, со трите гола на Кристијано Роналдо, а на крајот и мајсторијата во 88-мата минута од слободен удар. Португалија само три пати шутираше во рамките на голот и сите три пати Де Хеа мораше да ја вади топката од мрежата.
Само по четири минути, Роналдо иницираше контакт во казнениот простор, судијата Роки покажа на белата точка, а Кристијано беше неумолив – 1-0.
Потоа изедначи Коста, иако направи фаул во нападот над Пепе, технологијата ВАР остана нема, а и судијата од Италија. Потоа напаѓачот на Шпанија самиот надмудри тројца ривали во казнениот простор и го матираше Патрисио – 1-1.
Де Хеа како да реши за таа грешка на арибитерот, да му врати на ривалот, па направи кикс во 44-тата минута, кога Роналдо го матираше со удар надвор од казнениот простор – 2-1.
Пресврт следуваше само за четири минути во вториот дел, прво по слободниот удар фрлената топка на другата статива со глава паралелно од пет метри ја врати на Бускетс, а на вистинското место за да ја испрати во мрежата беше Коста во 55-тата минута – 2-2.
Набрзо потоа, исфрлената топка на дваесет метри ја фати Начо со надворешен волеј, топката ги завери двете стативи и на крај се заби во мрежата – 2-3.
И на крајот следуваше мајсторијата. Во 88-мата минута имаше фаул на дваесетина метри, малку накосо од десната страна, Роналдо гаѓаше покрај живиот ѕид од надворешната страна, а Де Хеа само со поглед ја испрати топката – 3-3.

Најнови вести