Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2018

Уругвај предводен од Кавани ја исфрли Португалија

Уругвај е во четврт-финалето на Светското првенство откако со 2-1 го победи европскиот шампион Португалија.

Уругвајците поведоа во седмата минута преку Единсон Кавани кој одлично реагираше по центаршутот на Луис Суарес и во петерецот со глава го совлада португалскиот голман.
По првиот гол јужноамериканците имаа уште неколку шанси да го зголемат водството, а Португалија единствената шанса ја имаше при еден слободен удар од поволна позиција, но ударот на Кристијано Роналдо заврши во живиот ѕид.
Португалците на време дојдоа до израмнување во 55-тата минута по еден корнер кој брзо беше изведен, Пепе остана сам и го совлада Муслера.
Само седум минути им требаше на Уругвајците повторно во водство и тоа повторно преку Кавани.
Овојпат Бентакур му астираше, а напаѓачот на ПСЖ со одличен удар надвор од шеснаесетникот повторно го совлада Руи Патрисио.
Мала дамка на победата фрли повредата на двојниот стрелец кој мораше да ја напушти играта во 74-ата минута.
Прв пат од првото Светско првенство кога беа домаќини Уругвај успеа да врзе четири победи по ред на Мундијалите.
Во четврт-финалето противник ќе им биде Франција, а натпреварот ќе се игра на 6-ти јули.

Најнови вести