Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2018

Роналдо најдобар во историјата на репрезентативниот фудбал

Португалецот Кристијано Роналдо со голот против Мароко дојде до 85-тиот погодок за националниот тим и со тоа стана најдобриот европски стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал.

Најдобриот фудбалер на светот на чело на листата на стрелците го престигна легендарниот Унгарец Ференц Пушкаш, кој 84 пати беше стрелец за државниот тим.
На третата позиција се наоѓа, исто така Унгарец, Шандор Кочиш со 75 погодоци, додека четврти е Мирослав Клозе, поранешниот напаѓач на Германија, со 71 гол.
За Португалецот голот против Мароко е четврти на Мундијалот во Русија, откако во првото коло против Шпанија постигна хет-трик.

Најнови вести