Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2016

Велс ја нокаутира Белгија за полуфинале на Евро

Велс ја победи Белгија со 3-1 и дебитантскиот настап на Европските првенства го круниса со пласман меѓу четирите најдобри репрезентации на Стариот континент.

Развојот на ситуацијата во првото полувреме не го најавуваше крајот кој следуваше. Белгија како фаворит ја оправда таа улога во првото полувреме, со прекрасниот гол на Нианголан од дваесетина метри поведе со 1-0, но Вилијамс со удар со глава по нафрлена топка од корнер погоди за 1-1 пред крајот на првото полувреме.
Во продолжението на натпреварот Робсон-Кану ја надигра целата белгиска одбрана и погоди за 2-1, а големата победа на Велс ја потврди Воукс кој погоди за конечните 3-1.
Велс против Португалија ќе се бори за место во финалето на Европското првенство.

Најнови вести