Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2016

Велшкиот клуб го изедначи рекордот на Ајакс од 1972 година

Кој би рекол дека во Премиер лигата Велс ќе ја испишува историјата на европскиот фудбал, и тоа баш на Боксинг деј.

Велшкиот клуб влезе во историјата на фудбалот, и тоа изедначувајќи го рекордот на големиот Ајакс.
Њу Сејнтс, актуелниот шампион на Велс, вчера го совлада Кефн Друидс со 4-0. Ова не е никаква новост бидејќи тимот на Њу Сејнтс оваа сезона доминира, во 20 одиграни кола оствари исто толку победи. Гол-разликата им е 72-11.
Ако се сметаат сите натпреварувања, „новите светци“ се во серија од 26 последователни триумфи, со што го изедначија рекордот на легендарната генерација на Ајакс од пред 44 години, кога за тој клуб играше и Јохан Кројф.
Доколку го добијат наредниот натпревар, ќе станат апсолутни рекордери. Интересно е тоа што противник повторно ќе им биде Кефн, и тоа на 30-ти декември.
Њу Сејнтс е на добар пат и трета година по ред да ја освои тројната круна во велшкиот фудбал.
Менаџер на овој клуб е Крејг Харисон, некогашен играч на Кристал палас и на Мидлсборо.

 

Најнови вести