Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2016

Ворнок го презеде Кардиф

Искусниот англиски стручњак Нил Ворнок е нов менаџер на англискиот второлигаш Кардиф.

Тој не ги презема „сините птици“ баш во најдобра состојба, бидејќи клубот од престолнината на Велс моментно се наоѓа на претпоследното место во Шампионат лигата.
Овој е негов 14-ти клуб во кариерата, а на клупата на Кардиф ќе го замени Пол Тролоп, кому му беше врачен отказ.
„Не можам да ветам ништо освен напорна работа, крв и пот. Знам каде доаѓам и знам која е целта“, кратко изјави Ворнок.

Најнови вести