Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2014

Солскјер ја напушти клупата на Кардиф

Норвежанецот Оле Гунар Солскјер ја напушти клупата на Кардиф по девет месеци, соопштија од велшкиот клуб.

„Сините птици“ минатата сезона беа елиминирани од Премиер лигата, додека по седум одиграни натпревари, се наоѓаат дури на 17-тото место во Шампионат лигата, со три порази.
Како што пренесува Би-би-си, Пол Хартли, менаџерот на Данди јунајтед, ја отфрли можноста дека ќе го наследи Солскјер, па неговата должност, до пронаоѓањето нов шеф на стручниот штаб, ќе ја извршуваат неговите помошници.
Легендарниот напаѓач на Манчестер јунајтед на таа позиција го наследи Малки Мекеј на втори јануари оваа година, откако претходно одлично го предводеше Малме од Шведска од 2011 година.

Најнови вести