Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2011

Ернандес го продолжи договорот со „црвените ѓаволи“

Хавиер Ернандес, мексиканскиот напаѓач на Манчестер јунајтед, потпиша нов договор со клубот од „Олд Трафорд“, а тој ќе го обврзе да остане до 2016 година.

Дваесет и тригодишниот Мексиканец во досегашните педесет и пет настапи постигна дваесет и три гола, што беше главната вина челниците на клубот да му понудат нов, многу подобар договор.

„Минатата година Хавиер му помогна на Манчестер јунајтед да дојде до деветнаесеттата титула во својата историја и да влезе во финалето на Лигата на шампионите, откако во летото 2010 година дојде од Чивас во нашиот тим“ изјави Алекс Фергусон по потпишувањето на договорот.

„Последен фудбалер кој олку брзо се снајде во клубот беше Оле Гунар Солскјер. Брзината што ја има Хавиер и снаоѓањето во казнетиот простор го прави напаѓач со убиствен инстинкт“, додаде Фергусон.

Најнови вести