Корисничко име Лозинка Пријави се
17.4.2013

Кардиф осигури пласман во Премиер лигата

Велшкиот клуб Кардиф прв пат по 1962 година избори пласман во највисоката класа на англискиот фудбал.

На три кола пред крајот на натпреварувањето во втората лига Кардиф и математички избори промоција бидејќи веќе никако не може да биде полош од второто место, кое, исто така, води во елитниот ранг. Играчите на Малки Макеј вчера во 43-тото коло на Шампионат лигата одиграа 0-0 против Чарлтон, што им беше сосема доволно за долгоочекуваниот успех. Моментно се лидери во втората лига, со 13 бодови повеќе од третопласираниот Ватфорд.
Пред 12 години Кардиф играше во четвртата англиска лига и беше во финансиски проблеми. Но се извлече од кризата, а потоа чекор по чекор го градеше патот кон највисокиот ранг.
Велс така идната сезона ќе има два клуба во англиската Премиер лига, бидејќи од 2011 во најелитната класа е и Свонси.
Сосема блиску до пласман во Премиер лигата е и Хал, кој на второто место има шест бодови повеќе од Ватфорд.

Најнови вести