Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2014

Крег Белами ја заврши кариерата

Крег Белами, фудбалерот на Кардиф и на репрезентацијата на Велс, изјави дека ја завршува играчката кариера, по 17 години активно играње.

Белами има 34 години, за Велс одигра 78 натпревари, а како причина за одењето во пензија наведе дека неговото тело веќе не може да ги поднесе напорите за играње професионален фудбал.
Белами е роден во Кардиф. Кариерата ја почна во Норвич, а играше и за: Селтик, Њукасл, Блекбурн, Ливерпул, Вест хем и Манчестер сити.
Оваа сезона одигра 22 натпревари во Примера лигата и постигна три голови, но Велшаните сепак испаднаа од лигата. Ќе остане запаметен по неколку спектакуларни голови и потези, но и по прекумерниот темперамент, кој често го доведуваше во проблематични ситуации – на теренот и надвор од него.

Најнови вести