Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2013

Рекорден трансфер на Кардиф

Новиот премиерлигаш Кардиф го доведе првото засилување ова лето - стигна напаѓачот од Данска Андреас Корнелиус.

Велшаните за напаѓачот на Копенхаген платија 7,5 милиони фунти (околу девет милиони евра), што е рекордна сума на овој клуб.
Дваесетгодишниот Данец е висок 193 сантиметри, а минатата сезона беше прв стрелец на Суперлигата со 18 голови на 32 натпревари.
„Ова е остварување на соништата, импресиониран сум со тоа што клубот се обидува да го направи. Добив одлична шанса во возбудливиот проект на Кардиф. Среќен сум што сум овде и што ќе играм во Премиер лигата“, изјави Корнелиус , кој вчера ги помина медицинските прегледи и потпиша петгодишен договор.
Претходен рекорд на Кардиф беше трансферот на Мајкл Чопра во јули 2010 година од Сандерленд за три милиони фунти (3,5 милиони евра).
Корнелиус е прво засилување на менаџерот Малки Мекеј откако Кардиф се пласира во Премиер лигата, за прв пат во својата историја.

Најнови вести