Корисничко име Лозинка Пријави се
24.7.2014

Лига на шампиони: Днипро и Копенхаген во Киев

Натпреварот од третото коло на квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Днипро и Копенхаген ќе се игра во Киев, а не во Дњепропетровск.

Натпреварот на програмата е на 30-ти јули, а поради ситуацијата во источниот дел на Украина, ќе се игра во Киев на „Олимпискиот стадион“, се наведува во соопштението на УЕФА.
Копенхаген побарал од УЕФА натпреварот да не се игра во Дњепропетровск.
„Задоволни сме што УЕФА нè послуша и што ги сфати нашите аргументи коишто кажуваа за тоа зошто не треба да се игра во Дњепропетровск. Сакаме да потенцираме дека немаме проблеми со нашиот противник, екипата на Днипро, туку дека е во прашање безбедноста“, изјави Андрес Хоршолт, директорот на данскиот клуб.
Дњепропетровск е оддалечен 210 километри од Донецк, на источниот дел на земјата, каде што се водат борби меѓу украинската војска и проруските сепаратисти.

Најнови вести