Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2017

Вардар поразен во Копенхаген, ништо од ЛШ и оваа сезона

Фудбалерите на Вардар загубија убедливо со 4-1 на гостувањето во Копенхаген и со тоа пропуштија голема шанса да испишат историја, па сега ќе играат во плејофот од Лигата на Европа.

Вардар ја пропушти шансата да го елиминира Копенхаген. Со подобар резултат и играч повеќе не успеа да победи во Данска поради негови грешки.
Натпреварот го почна многу лошо и домашниот тим постигна погодок уште во втората минута. По лошата интервенција од страна на одбраната на нашиот тим, топката дојде кај Грегуш, кој даде гол за водство од 1-0. По примениот погодок, Вардар отиде во напад и по неколку пропуштени шанси, во 19-тата минута од средбата Николов успеа да изедначи.
Седум минути подоцна, по едно нафрлување, топката го погоди Барсегјан и отиде во мрежата на Гачевски, па домашната екипа на полувремето замина со водство од 2-1.
Овој резултат за Вардар беше во корист, додека Копенхаген мораше да се постигне уште еден погодок во вториот дел.
Вардарци одлично го почнаа второто полувреме, ја контролираа играта и напаѓаа. Во 71-вата минута, Копенхаген остана со еден играч помалку бидејќи Јан Грегуш заработи втор жолт картон.
Иако ситуацијата изгледаше дека Вардар е блиску до историја, по четири минути игра и по лошата поставеност на нашата екипа, Сантандер со глава постигна погодок за водство на данскиот тим од 3-1.
Македонскиот тим во продолжението целосно се отвори, а по една контра на Копенхаген, Гачевски направи прекршок за пенал, кој го реализира Сотириоу за конечен резултат од 4-1.
Со поразот во Копенхаген, Вардар ја пропушти шансата да испише историја. „Црвено-црните“ се елиминирани од квалификациите во Лигата на шампионите, па ќе играат во плејофот од Лигата на Европа.

Најнови вести