Корисничко име Лозинка Пријави се
23.7.2018

Рома доведе нов голман за 12 милиони евра

Швеѓанецот Робин Олсен ќе го замени Алисон Бекер пред голот на италијанската Рома.

Рома наводно платила 12 милиони евра за досегашниот голман на Копенхаген.
„Волчицата“ минатата недела му го продаде својот прв голман Бекер на Ливерпул за 72,5 милиони евра.
Олсен денес би требало да потпише договор и со тоа да стане најскапиот шведски голман во историјата.
Олсен има 28 години, пред Копенхаген бранеше за ПАОК и Малме, а има 23 настапи за Шведска, чиј прв голман беше на неодамнешниот Мундијал.

Најнови вести