Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2017

Нова сензација на Вардар: Победен и Копенхаген!

Вардар ја продолжува низата успешни резултати во квалификациите за влез во Лигата на шампионите. Во првиот натпревар од третото коло шампионот на Македонија го победи Копенхаген со 1-0.

Фудбалерите на Вардар на реваншот во престолнината на Данска ќе патуваа со предност од еден гол, иако според играта, македонскиот шампион синоќа можеше да оствари поубедлива победа.
Копенхаген, кој беше фаворит на натпреварот, се закани на почетокот и крајот од средбата, додека Вардар во најголемиот дел од дуелот имаше контрола врз играта.
Гостите првата шанса ја имаа во третата минута, кога Грегуш шутираше кон голот на Гачевски, но нашиот голман успеа да ја спаси мрежата.
Во продолжението на средбата, Вардар имаше неколку можности да дојде до предност. Прво шутираше Блажевски, па потоа се обиде Хамбарџумјан.
До крајот на првото полувреме, нашиот шампион се обидуваше да поведе со обидите на Блажевски, Николов и Балотели, а најдобрата шанса не ја искористи Фелипе, чиј удар беше одбранет од голманот Олсен.
И во второто полувреме Вардар продолжи офанзивно да игра, а во 65-тата минута од натпреварот Балотели ја погоди мрежата на Копенхаген за водство од 1-0.
Во финишот од натпреварот гостинските фудбалери Сантандер и Томсен имаа шанса да го совладаат Гачевски, но на крајот сепак славеше Вардар, кој ја исполни целта и на реваншот за седум дена оди со предност од еден погодок.

Најнови вести