Корисничко име Лозинка Пријави се
22.7.2017

Вардар ќе го пречека Копенхаген во Скопје

УЕФА попушти и му дозволи на Вардар да го дочека Копенхаген на Телеком Арената во Скопје, во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион во втората рунда мораше да игра во Струмица, бидејќи УЕФА сакаше теренот на националната арена во Скопје да биде целосно подготвен за Суперкупот меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед на осми август.
Вардар го изненади повремениот учесник во Лигата на шампионите од Шведска и избори двомеч со сè уште редовниот член на елитното натпреварување од Данска, а УЕФА ја промени одлуката поради големото интересирање за натпреварот.
Првиот натпревар требаше да биде одигран во Данска, но УЕФА ги ротираше домаќинствата за да може Вардар да игра на „Филип Втори“, а повторно да има доволно време теренот да се подготви за Суперкупот.
Натпреварот на програмата е на 25-ти јули, додека реваншот во Данска на први или на втори август. Вардар само за еден час ги распродаде сите 2.000 влезници, на колку што имаше право за натпреварот во Копенхаген.
Копенхаген поради слабиот одѕив на навивачите во втората рунда со словачката Жилина (9.000), ја намали цената на билетот за натпреварот со Вардар на 18-25 евра.

Најнови вести