Корисничко име Лозинка Пријави се
03.11.2016

Лестер ја испишува историјата на Лигата на шампионите

Фудбалерите на Лестер не блескаат како минатата сезона, но продолжуваат да испишуваат страници на историјата.

„Лисиците“ стигнаа на чекор од осминафиналето на Лигата на шампионите, на своето деби во натпреварувањето.
Тимот на Клаудио Раниери е прв во историјата на Лигата на шампионите кој се избори за втората фаза без примен гол во првите четири натпревари.
Најзаслужен за тоа, секако, е голманот Каспер Шмајхел, син на легендарниот чувар на мрежата на Манчестер јунајтед, Петер, кој синоќа во Копенхаген имаше неколку импресивни одбрани.
Посебно се истакна по фантастичниот шут на Андреас Корнелиус, изборувајќи за Лестер 0-0 во Данска, што на англискиот шампион му беше доволно да го завери пласманот.
Лестер во последните две кола од групата Г игра со Порто и со Клуб Бриж.

 

Најнови вести