Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2018

Адриен Силва конечно може да игра за Лестер

Португалскиот фудбалер Адриен Силва конечно стана член на Лестер, по трагикомичната завршница во летниот преоден рок, и дебитираше во натпреварот со Хадерсфилд.

Силва на последниот ден од август од Спортинг направи трансфер во редовите на англискиот шампион од 2016 година, но документацијата задоцни точно 14 секунди, поради што претходните четири месеци тој не можеше да игра за никого.
Лестер за репрезентативецот на Португалија, кој настапуваше на Европското првенство 2016, плати 22 милиони фунти.
„Кога ќе преживеете вакви пет месеци, сè е многу необично. Треба да го задржите позитивниот менталитет, и со тоа се занимавав. Бев фокусиран на работата што ја сакам“, изјави Португалецот на првиот ден од 2018 година.
Адриен Силва е роден во март 1989 година во Франција. Татко му е Португалец, а мајка му Французинка, а уште од детски денови настапува за селекцијата на Португалија. Во тимот А е од 2014 година, настапи 20 пати и сака да се избори за место во Русија ова лето.
„Признавам дека ова беше едно фрустрирачко искуство, но тешките времиња сега се зад мене и среќен сум што стигнав до целта. Сето време напорно тренирав за да останам во добра форма. Тренингот е неопходен бидејќи долго не излегував на теренот, а нема ништо подобро од натпревар“, изјави Силва.
Тој за Лестер сити дебитираше на вчерашниот натпревар со Хадерсфилд.
Честер вчера од заемот во Барнли го врати 20-годишниот плејмејкер Харви Барнс, кој за јоркширскиот клуб имаше 24 настапи во Лигата и во Купот, даде пет гола и имаше пет асистенции.

Најнови вести