Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2017

Ламела конечно се враќа на теренот

Маурисио Покетино, менаџерот на Тотенхем, пред вечерашниот натпревар од Премиер лигата со Лестер изјави дека во тимот конечно ќе се врати Аргентинецот Ерик Ламела, кој последниот натпревар го одигра во октомври 2016 година.

Навивачите на Тотенхем речиси заборавија дека во тимот имаат таков играч каков што е Ламела. Момчето од фудбалската школа на Барселона последен пат играше пред година и еден месец, кога го повреди колкот.
Боледувањето на Ламела е при крај. Менаџерот Маурисио Покетино изјави дека Аргентинецот тренира веќе еден месец.
„Тој е добро и време е да почне да игра. Ќе биде во конкуренција за тимот против Лестер. Кога имате густ распоред, ви требаат сите коишто се подготвени да му помогнат на тимот. Враќањето на Ламела е многу убава вест за тимот“, изјави Покетино и додаде дека и левиот бек Дени Роуз ќе биде во тимот по двата пропуштени натпревари.
Но, „петлите“ и понатаму имаат проблеми со отсутни играчи. На стадионот „Кинг пауер“ нема да играат Тоби Алдервејрелд и Виктор Ванјама, како ниту Хари Винкс. Натпреварот се игра вечерва, од 20.45 часот.
И Тотенхем и Лестер во 13-тото коло на Премиер лигата ремизираа 1-1. Лондонскиот тим на „Вембли“ ги подели бодовите со Вест Бромич, а Лестер уште во петокот одигра нерешено со Вест Хем.

Најнови вести