Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2013

Солбакен повторно во Копенхаген

Фудбалскиот шампион на Данска, Копенхаген го смени тренерот Ариел Јакобс и на негово место го доведе Столе Солбакен.

Јакобс е сменет поради лошите резултати во домашниот шампионат, бидејќи екипата по пет кола има три ремија и два порази.
За Солбакен ова претставува враќање на клупата на Копенхаген, кого го водеше од 2006 до 2011 година. Во тој период клубот пет пати беше шампион на Данска и два пати играше во Лигата на шампионите.
По заминувањето од Копенхаген, Солбакен ги водеше екипите на Келн и Вулверхемптон.
Како актуелен шампион на Данска, Копенхаген оваа сезона избори директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Најнови вести