Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2012

Подолски се враќа на терените

Лукаш Подолски, ѕвездата на Келн, се враќа на тренинзите по повредата на зглобот на ногата поради што беше надвор од терените од јануари.

Подолски закрепна од повредата и овие денови ќе почне со интензивни тренинзи за да може што побргу да се врати во натпреварувачки ритам.
Тој повредата ја здоби во јануари, кога и го одигра својот последен натпревар. Неговото враќање ќе биде од големо значење за тимот на Столе Солбакен, кој во последно време се соочува со сериозни проблеми.
„Сега се бориме за опстанок, а имаме големи проблеми со реализацијата, но и со креирањето шанси за гол, па оваа вест доаѓа во вистинско време за нас. Воопшто не постои сомнение дека неговото враќање во тимот ќе го поправи офанзивниот учинок на нашиот тим“, рече Солбакен.

Најнови вести