Корисничко име Лозинка Пријави се
09.7.2015

Подолски си замина од Арсенал

Лукаш Подолски и официјално е нов член на Галатасарај. Неговите три години во Арсенал не беа баш успешни, но има многу емоции.

Германскиот репрезентативец со емотивно писмо се поздрави од најдобрите навивачи во Англија и им посака наредното лето да ја прослават титулата.
Подолски направи трансфер во Галатасарај за 1,8 милиони фунти, кој со бонусите би можело да стигне до два милиони, и потпиша тригодишен договор. Вториот дел од минатата сезона го помина на заем во Интер.

Најнови вести