Корисничко име Лозинка Пријави се
14.5.2012

Ја освои титулата, па го напушти Андерлехт

Белгискиот тренер Ариел Јакобс по четири и пол години одлучи да ја напушти клупата на новиот белгиски шампион, Андерлехт.

Клубот од Брисел Јакобс го презеде во текот на сезоната 2007/08, а оттогаш го водеше до три титули: Националниот куп во 2008 година, Првенството во 2010 и оваа година. Разделбата со клубот ја објави вчера, откако во последното коло неговата екипа суверено (3-0) ја освои шампионската титула во домашната средба со нејзиниот бранител Стандард од Лиеж.
„Донесов одлука дека мора да ја променам средината. Мислам дека тоа е во најдобар интерес на клубот“, изјави, којзнае дали искрено или саркастично, сега веќе поранешниот тренер на клубот.
Ова лето му истекува договорот. Претседателот Роже Ванден Сток му понуди нов, но Јакобс го одби.

Најнови вести