Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2015

Муслин на клупата на Стандард

Српскиот стручњак Славољуб Муслин е новиот тренер на Стандард од Лиеж, потврди претседателот на тој клуб.

Муслин со Стандард, кој во штотуку завршената сезона се пласира на четвртото место во белгискиот шампионат, потпиша договор на една година.
На тој начин, Муслин по осум години се враќа во Белгија, во која во два наврати го водеше Локерен.
Последниот клуб којшто го тренираше Муслин е Амкар, со кого ја раскина соработката минатата година. Во текот на богатата кариера, српскиот стручњак, меѓу останатото, ги водеше: Црвена ѕвезда, Левски, Локомотив од Москва и Химки.
Во текот на 28 години Муслин промени 16 клубови.