Корисничко име Лозинка Пријави се
19.4.2012

Данте на прагот на Баерн

Данте, одбранбениот фудбалер на германскиот бундеслигаш Менхенгладбах, призна дека е во преговори со Баерн од Минхен.

Бразилецот има откупна клаузула вредна 4,6 милиони евра, а според неговите зборови, преговорите се во поодмината фаза.
„Баерн Минхен преговара со мојот агент. Моментно решаваат уште некои ситни детали. На поголемиот број играчи сон им е да играат во толку голем клуб“, изјави Данте.
„Евентуалниот трансфер ќе ми овозможи остварување на еден сон, а ќе ги зголеми шансите да остварам и друг – играње за Бразил“, рече 28-годишниот фудбалер.
Данте во 2009 година стигна во Менхенгладбах од белгискиот Стандард Лиеж, а во неколку сезони стана една од клучните фигури на германскиот клуб.

Најнови вести