Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2012

Белгијците и Холанѓаните ќе основаат обединета Бене лига

Според пишувањата на белгиските и холандските медиуми, се појавила желба за формирање заедничка белгиско-холандска фудбалска лига – Бене лига.

Ролан Душател, претседателот на белгискиот клуб Стандард од Лиеж, смета дека обединувањето на овие две лиги е потребно за да се задржи, или фати чекор со најјаките лиги во Европа.
„Моментно има пет врвни лиги во Европа. Можеби во блиска иднина ќе бидат шест, ако Русија продолжи со својот раст. Преостанатите лиги се на работ на исчезнување. Потребно е да ги обединиме лигите, бидејќи во спротивно белгиската ќе умре од природна смрт“, смета претседателот на Стандард Лиеж.
„Важно е што побрзо да почнеме со формирање такви лиги. Мислам дека две години би биле сосема доволни за почнување натпреварувања. Андерлехт, Клуб Бриж, Ајакс и ПСВ веќе се согласија на Бене лига. Доколку проектот пропадне, Стандард ќе се обиде да се афирмира во францускиот Ле Шампионат“, заклучи Душател.

Најнови вести