Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2015

Стандард го отпушти Муслин

Славољуб Муслин доби отказ на клупата на Стандард Лиеж по елиминацијата од Молде во плејофот за Лигата на Европа.

Стандард беше елиминиран од Европа иако во реваншот во Лиеж победи со 3-1, но на првиот натпревар во Норвешка загуби со 2-0, по што Муслин го напушти клубот.
Белгискиот тим привремено ќе го водат Ерик Геретс и Ерик Дефландр, кои во текот на играчката кариера настапуваа за Стандард.
Муслин на клупата на Стандард се задржа нешто помалку од три месеци, а претходно меѓу другите ги има водено Црвена ѕвезда, Локерен, Бордо, Ленс, Левски, Локомотив Москва, Краснодар и Амкар.

Најнови вести