Корисничко име Лозинка Пријави се
18.11.2011

Нов договор за Фелаини

Маруан Фелаини, дваесет и тригодишниот играч за врска на Евертон и белгиската репрезентација, потпиша нов петгодишен договор, а постојниот му истекуваше во мај 2013 година.

Елегантен и висок играч од средината на теренот, инаку доминантен во скок-играта, дојде во клубот од „Гудисон парк“ во летото 2008 од Стандард за 15 милиони фунти.

За Евертон досега собра 106 настапи и постигна 16 гола.

Феалини, кој има мароканско потекло, ќе ја предводи репрезентацијата на Белгија во квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014 година, во групата во која се наоѓа и Македонија.

Најнови вести