Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2011

Порто донесе две засилувања од Белгија

Белгискиот весник „Ле Соар“ објави дека португалскиот шампион и победникот во Лигата на Европа, Порто, ги купил двајцата најдобри фудбалери на белгискиот шампион Стандард.

Се работи за дваесет и тригодишниот фудбалер од средината на теренот, белгискиот репрезентативец Стивен Дефур и дваесетгодишниот француски централен дефанзивец Елиаким Мангали.

Двајцата денеска ќе потпишат петгодишни договори со португалскиот првак кој се засилува за настапот во Лигата на шампионите. Белгијците за Дефур ќе инкасираат шест, а за Мангали седум милиони евра оштета, како што пишува белгискиот весник.

Во белгискиот клуб за денеска е најавена прес-конференција на која и официјално би требало да биде потврдено комплетирањето на трансферите.

Најнови вести