Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
06.3.2018

ПСЖ по чудо против Реал, Ливерпул на тренинг

Фудбалерите на ПСЖ ќе се обидат да го надополнат заостанувањето од два гола од првиот натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Реал во првиот натпревар во Мадрид победи со 3-1 и е на добар пат да се пласира во четврт-финалето, во сезоната во која ќе се обиде да го продолжи рекордниот поход и да го освои третиот трофеј по ред во елитното фудбалско натпреварување.
ПСЖ не може да смета на најскапиот фудбалер на светот Нејмар, кому му е извршена операција, што ќе биде голем хендикеп, со оглед на тоа дека тој, Килијан Мбапе и Единсон Кавани дадоа 16 од 26-те голови на екипата во Лигата на шампионите оваа сезона.
Исто така, во прашање е и настапот на стоперот Маркињос, кој, исто како и Нејмар, се повреди на натпреварот со Олимпик Марсеј во француското првенство.
Во Париз ќе суди германскиот арбитер Феликс Брих, со помош на Марко Борш и Стефан Лупа, дополнителни судии Бастијан Данкерт и Марк Фриц, додека четврт ќе биде Маркус Хекер.
Ливерпул во вториот натпревар ќе го дочека Порто и ќе има лесна задача против португалскиот клуб, со оглед на тоа дека во првиот дуел победи со 5-0.
Порто пред три седмици на стадионот „Драгао“ го доживеа најубедливиот пораз некогаш во европските натпревари и Ливерпул не би требало да има проблеми за прв пат од 2009 година да се пласира во четврт-финалето.
Задачата за Порто ќе биде уште потешка и поради тоа што тој клуб никогаш не го победил Ливерпул во петте меѓусебни натпревари, во кои има три порази и два нерешени резултати.
Ливерпул ќе може да смета на Емре Џан, кој го пропушти првиот натпревар поради суспензија, додека во тимот на Порто ќе се врати Фелипе.
Натпреварот ќе го суди Феликс Цвајер од Германија, помошници ќе му бидат Торстен Шифнер и Марко Ахмилер, дополнителни судии ќе бидат Даниел Сиберт и Саша Стегеман, а четврти арбитер Рафаел Фолтин.
Двата натпревари од Лигата на шампионите се играат вечерва, со почеток во 20.45 часот.

Најнови вести