Корисничко име Лозинка Пријави се
14.2.2018

Клоп: Ако можеме со Сити, можеме со сите

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека знае дека неговиот тим може да му парира на најсилните европски клубови.

Ливерпул вечерва го игра првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Порто во гости.
„Станува збор за најголемото клупско натпреварување. Искуството ме научи дека сепак тоа е фудбал и дека победува подобриот тим. Ние имаме сосема добри играчи. Долга беше паузата меѓу групната фаза и овој дел, но го чекавме овој момент и сега тоа треба да го покажеме“, изјави Клоп и додаде:
„Станува збор за најдобрите 16 клуба во Европа. Тоа се многу добри тимови коишто сакаат да бидат шампиони.“
Во првите натпревари од осминафиналето Манчестер сити го доби Базел (4-0), додека Јувентус и Тотенхем одиграа нерешено (2-2).
„Знам дека можеме да се носиме со кој било од нив. За тоа не ми е потребно да погледнам во каква форма се тие. Веројатно најсилниот фудбалски клуб во Европа е Манчестер сити. Со нив игравме веќе два пати, и тоа на многу високо ниво. Со ПСЖ е малку поинаку. Но не планирам премногу да се занимавам со нив. Знам дека ако се сретнеме, ние можеме да победиме“, изјави Клоп.
Дуелот меѓу Порто и Ливерпул на програмата е вечерва, во 20.45 часот.

 

Најнови вести