Корисничко име Лозинка Пријави се
03.4.2018

Касилјас влезе во клубот 1.000

Икер Касилјас е втор шпански фудбалер во историјата кој одиграл илјада професионални натпревари. Тој за Реал бранеше 725 пати, 108 за Порто и 167 за шпанската репрезентација. Првиот Шпанец која ја надмина бројката од илјада натпревари е Раул Гонзалес.

Икер Касилјас е вистинска легенда на европскиот и на шпанскиот фудбал, а синоќа во Португалија неговата кариера ја означи со едно достигнување. Натпреварот против Белененсеш беше негов илјадити официјален фудбалски натпревар во кариерата.
Шпанскиот голман оваа сезона не е баш стандарден на голот на португалскиот гигант, но против Белененсеш беше во составот, а прими два гола. Касилјас и покрај тоа што тренерот Сержо Консеисао често го остава на клупата, има само 0,58 примени голови по натпревар. Според тоа, од него во Европа подобри се само Јан Облак и Марк-Андре тер Штеген.
Трофеи на Касилјас: Пет трофеи на Ла Лига, три на Лигата на шампионите, еднаш го освои Светското првенство, два пати Европското првенство, има 385 натпревари без примен гол и илјада одиграни натпревари во кариерата.

Најнови вести