Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2018

Реал сурово го нокаутираше ПСЖ, хет-трик на Мане за четврт-финале

Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа ПСЖ со 3-1 во дербито на осминафиналето на Лигата на шампионите, додека Ливерпул го растури Порто со резултат 5-0.

Иако беа подредени во поголемиот дел од средбата, актуелните шампиони ги нокаутираа „светците“ и во реваншот ќе одат со предност од два гола, а „црвените“ уште сега може да го слават пласманот во четврт-финалето.
Реванш-натпреварите на програмата се на шести март во Париз, односно во Ливерпул.
Унаи Емери повторно ќе ја сонува Шпанија, по сензационалниот пораз во Барселона минатата сезона, неговиот состав и сега имаше сè во свои раце.
Парижаните беа подобри на „Сантијаго Бернабеу“, имаа неколку големи шанси да го уништат ривалот, но не успеаја. Поведоа по половина час игра со голот на Рабио, од десната страна центрираше Мбапе, Кавани убаво ја пропушти, Начо реагираше пред Нејмар, но топката остана на пенал. На неа наиде Рабио и му ја испрати на Навас за 0-1.
Во финишот на полувремето, судијата Роки досуди пенал поради фаулот на Ло Селса над Крос, а сигурен изведувач на најстрогата казна беше Кристијано Роналдо.
Со тој резултат заминаа на пауза, а во вториот дел шампионот на Франција презеде целосна иницијатива и можеше да дојде до гол во повеќе наврати. Предводени од Нејмар, „светците“ не успеаја да зададат конечен удар, па казната стигна во финишот.
Прво Роналдо, со многу среќа и по очигледниот фаул над Кимпембе, направи пресврт, а само три минути подоцна Марсело го искористи новото нафрлање на Асенсио од левата страна и донесе предност од два гола – бранителот на титулата има одлична ситуација пред реваншот.
Ливерпул одигра фантастичен натпревар на „Драгао“, исклучително ја искористи секоја грешка на ривалот, контрите и полуконтрите функционираа одлично и токму така постигнаа два гола.
Одбраната на ривалот ја пробија со малку среќа бидејќи карамболот по продорот на Вијналдум дојде до осамениот Мане во 25-тата минута, а ниту голманот Са не се истакна многу. Само четири минути подоцна, стативата го спречи Милнер да постигне исклучителен погодок, но одбивањето го собра Салах и мајсторски ја испрати топката во голот.
Вториот дел од играта им донесе многу простор на гостите, па Мане и Фирмино ги казнија трите лоши реакции на средината на теренот и веќе го одведоа тимот во четврт-финалето.

Најнови вести