Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2011

Македонец ќе суди на „Камп ноу“

Александар Ставрев, нашиот најдобар интернационален фудбалски судија, во среда ќе биде дел од Лигата на шампионите, каде што ќе ја дели правдата на мечот меѓу Барселона и Викторија П’лзењ.

Ова ќе биде историски момент за Македонија, како и за македонските судии, кои за првпат ќе имаат можност да бидат дел од елитниот европски фудбал.

На Ставрев ќе му помагаат: Марјан Кировски, Љубомир Крстевски, Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски и Горан Спиркоски.

Ставрев во својата кариера има судено повеќе натпревари во Лигата на Европа, а последен пат беше главен судија на мечот меѓу Хановер и Стандард, претходно беше дел од квалификациите за овој формат на натпреварување меѓу Глазгов ренџерс и Марибор.

Најнови вести