Корисничко име Лозинка Пријави се
22.2.2012

Спортинг без Онјеву осум седмици

Огучи Онјеву, американскиот репрезентативец во редовите на Спортинг, ќе биде надвор од терените во наредните осум седмици поради повреда на десното колено.

Онјеву се повреди на неделниот натпревар против Пакос Фереира, а од клубот потврдија дека медицинските прегледи открија делумно истегнати лигаменти и менискус на десното колено.
Ова е втора тешка повреда на американскиот централен дефанзивен играч, поранешен фудбалер на Стандард и Милан. Во октомври 2009 година го повреди левото колено, поради што паузираше седум месеци.
Оваа сезона Американецот постигна дури пет гола за Спортинг, од кои четири во португалскиот шампионат, каде што е на четвртото место на табелата по деветнаесет одиграни кола, а има тринаесет бодови помалку од лидерот Бенфика.

Најнови вести