Корисничко име Лозинка Пријави се
30.1.2013

Де Камарго позајмен во Хофенхајм

Игор де Камарго, 29-годишниот бразилски фудбалер со белгиско државјанство, до крајот на сезоната ќе настапува за Хофенхајм, извести Менхенгладбах.

Де Камарго, напаѓачот кој оваа сезона за Менхенгладбах постигна два погодоци во четиринаесет првенствени натпревари, во Хофенхајм ќе дојде како играч на заем. Во Менхенгладбах премина од белгискиот Стандард, а најдобро играше пред две сезони, кога вкупно постигна седум погодоци за германскиот клуб.
Во Хофенхајм овој фудбалер сигурно ќе биде корисен, особено во тамошната борба за опстанок. Хофенхајм моментно се наоѓа на 17-тото место на табелата, а во овој момент за спас му недостасуваат седум бодови.
Во Хофенхајм изразија големо задоволство од овој трансфер бидејќи Де Камарго со своето искуство многу ќе ѝ помогне на екипата во нападот.

Најнови вести