Корисничко име Лозинка Пријави се
01.5.2012

Ван Бајтен потпиша нов договор со Баерн

Даниел ван Бајтен, 34-годишниот белгиски фудбалер, го продолжи договорот со Баерн Минхен до летото следната година. Уште на почетокот на април ги договори условите за продолжување на соработката, а официјалното потпишување се случи вчера.

„Воодушевени сме што Даниел и следната сезона ќе игра за Баерн. Знаеме каков играч имаме во него. Со својот квалитет и искуство и понатаму ќе биде важен член за нашата екипа“, истакна Кристијан Нерлингер, спортскиот директор на баварскиот клуб.
Искусниот одбранбен играч го пропушти целиот пролетен дел од сезоната поради фрактура на втората метатарзална коска на левото стапало. Моментно е во процес на рехабилитација, но се надева дека ќе може да му помогне на Баерн во двата последни натпревари од оваа сезона – во финалето на Германскиот куп против Борусија Дортмунд и во финалето на Лигата на шампионите против Челзи.
Ван Бајтен во Баерн дојде во 2006 година од Хамбургер, а пред тоа играше за Марсеј, Манчестер сити, Стандард и Шарлроа.

Најнови вести