Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2011

Јовановиќ се врати во Белгија

Репрезентативецот на Србија, Милан Јовановиќ, по една година се врати во белгискиот шампионат, но сега ќе игра за Андерлехт.

Тој потпиша двегодишен договор со најуспешниот клуб во Белгија, каде претходно настапуваше за Стандард.

Јовановиќ минатата сезона беше член на Ливерпул, но главно се наоѓаше на клупата, настапувајќи на само осумнаесет натпревари во кои постигна два погодока.

„Успеавме да го финализираме договорот по долгите и напорни преговори со Ливерпул и со фудбалерот“ – потврди генералниот менаџер на Андерлехт, Херман ван Холсбек.

„Тој ќе го засили Андерлехт, со својот неоспорен талент, што ќе биде голема поддршка за нашиот тим. Презадоволни сме што успеавме да го доведеме во Брисел“ – додаде челникот на Андерлехт.

Србинот во четврток ќе ги изврши медицинските прегледи, и официјално ќе биде преставен пред натпреварот од второто коло против Мехелен во петок.

Најнови вести