Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2012

Стандард го отпушти тренерот Јанс

Белгискиот прволигаш Стандард од Лиеж го отпушти тренерот Рон Јанс поради лошите резултати на клубот во досегашниот дел на сезоната.

„Со жалење соопштуваме дека клубот мора да ја прекине соработката со холандскиот стручњак кој придонесе за воспоставување одлична комуникација меѓу играчите, стручниот штаб и навивачите“, се вели во соопштението на Стандард.
Се наведува дека Јанс не успеал да му помогне на клубот да забележи подобри резултати, така што Стандард моментно се наоѓа на 12-тото место во белгиското првенство.
Тренерското место ќе го заземе досегашниот прв стручњак на ВС Волве, првопласираниот клуб во втората белгиска лига, Фелис Мазу.

Најнови вести