Корисничко име Лозинка Пријави се
21.10.2014

Тренерска смена во Стандард

Тренерот на белгискиот Стандард од Лиеж, Израелецот Гај Лузон поднесе оставка по поразот на домашен терен од последнопласираниот на табелата Цулте Варегем.

Како што е соопштено, екипата ќе ја преземе српскиот стручњак Иван Вукомановиќ, додека не се најде трајно решение.
Минатогодишниот белгиски вицешампион лошо ја почна сезоната, само со 12 бодови од 11 натпревари, а чашата ја прели поразот во неделата од Цулте-Варегем со 2-1.
„Гај Лузон им рече на играчите дека го напушта клубот“, соопшти Стандард.
Натпреварот во неделата мораше да биде завршен предвреме, откако домашните навивачи почнаа да фрлаат столици на теренот, барајќи оставка на Лузон.