Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2011

Хулит доби отказ

Поразот од 1-0 на гостувањето кај Амкар од Перм во натпреварот од тринаесетото коло во рускиот шампионат, го чинеа отказ холандскиот тренер на Терек Грозни, Руд Хулит.

Потегот кој вчера вечер го реализираше, претседателот на клубот и на чеченскиот регион Рамзан Кадиров го најави претходниот ден, изјавувајќи дека токму тој натпревар и резултат ќе биде пресуден за судбината на некогаш најдобриот фудбалер на светот, да покаже дали и понатаму повеќе ќе се занимава со чеченските ноќни клубови, отколку со клубот.

По натпреварот Кадиров рече дека Хулит повеќе не е тренер на Терек.

Пред почетокот на годината, Суринамецот со холандски пасош, поранешниот тернер на Челзи, потпиша осумнаесет месечен договор.

Терек по одиграни тринаесет кола од руското првенство се наоѓа на четиринаесетото место.

Најнови вести