Корисничко име Лозинка Пријави се
20.8.2014

Кристал палас најде замена за Пулис

Малки Мекеј ќе биде новиот менаџер на Кристал палас на местото на Тони Пулис, пишуваат англиските медиуми.

Мекеј остана запаметен по улогата менаџер на Кардиф, кого го водеше до првото место во Шампионат лигата и  до пласманот во Премиер лигата, а своевремено беше тренер и на Шкотска. Само по шест месеци откако го воведе Кардиф во елитата, доби отказ поради судир со контроверзниот сопственик на велшкиот тим Винсент Тан. Оттогаш е без ангажман.
Штом се разделија Кристал палас и Тони Пулис, Мекеј стана прв кандидат на управата на лондонскиот клуб за работното место менаџер. Човекот кој го повика Мекеј во Палас е Леин Муди, со кого имаше добра соработка во Кардиф.
Кристал палас во првото коло на Премиер лигата беше поразен од Арсенал во гости со резултат 2-1.


Најнови вести