Корисничко име Лозинка Пријави се
25.5.2017

Сем Алардајс го напушти фудбалот

Британскиот менаџер Сем Алардајс по напуштањето на Кристал палас, изјави дека нема веќе амбиции да води некој клуб.

По пет месеци поминати на клупата на „орлите“, шеесет и двегодишниот Британец успеа да избори опстанок со клубот со одличните партии во пролетниот дел на сезоната.
Мисијата е исполнета, а поранешниот менаџер на Болтон, Вест хем и на други премиерлигашки клубови одлучи да се повлече од позицијата, а можеби и од фудбалот.
„Немам амбиции да преземам некој друг клуб“, изјави Алардајс во соопштението.
„Сакам да уживам во животот уште додека сум релативно млад и здрав да можам да украдам некои работи, како патувања, поминување повеќе време со семејството и внучињата без притисокот кој доаѓа кога сте менаџер“, изјави јасно единствениот тренер во историјата на Премиер лигата кој водел шест различни екипи.
Круна на кариерата на Големиот Сем беше местото селектор на репрезентацијата на Англија, кога во 2016 година потпиша двегодишен договор.
Но, Алардајс не се задржа долго на тоа место поради познатиот скандал кога наводно ја користел неговата функција за да преговара со менаџерите и ги советувал како да ги заобиколат правилата во врска со трансферите на играчите, за што тие би му платиле 400.000 фунти.
„Поради неодамнешните случувања, ФА и јас го раскинавме договорот. Ми беше голема чест што во јули бев именуван и длабоко сум разочаран поради ваквиот исход. Вчера попладнето се сретнав со Грег Кларк и Мартин Глен (челниците на ФА) и им понудив искрено извинување, извинување од срце поради моите постапки. Иако во снимените разговори јасно е дека за секој аранжман потребно е одобрување на ФА, признавам дека дадов некои изјави коишто предизвикаа непријатност“, изјави Алардајс во соопштението, а пренесе Би-би-си.

Најнови вести