Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2017

Де Бур нов менаџер на Кристал палас

Франк де Бур, поранешниот холандски репрезентативец, а сега фудбалски тренер, стана менаџер на Кристал палас.

Де Бур на клупата на Палас ќе го замени Сем Алардајс, а со новиот клуб потпиша тригодишен договор.
На Холанѓанецот ова му е прва работа во Англија, но и прва по седум месеци откако отказ во Интер.
„Многу сум возбуден бидејќи веќе подолго време не сум тренирал некоја екипа, но и сум возбуден бидејќи станав тренер во најдобрата лига на светот. Кристал палас е одличен клуб и едвај чекам да почнам“, изјави Де Бур за интернет-страницата на клубот.
Тој беше тренер на Ајакс од 2010 до 2016 година и клубот го предводеше до четири последователни шампионски титули на Холандија.
Холанѓанецот во 2016 година отиде во Интер, но на клупата на тој клуб помина само 84 дена.

Најнови вести