Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2017

Сити без Агуеро и Силва против Палас, Браво ја заврши сезоната

Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, на конференцијата за медиумите даде изјава за кадровските проблеми што ги има пред денешниот натпревар против Кристал палас.

„Граѓаните“ ќе играат против „орлите“ во 13.30 часот, но тимот од Манчестер ќе настапи без неколку важни играчи.
Голманот Клаудио Браво и дефинитивно ја заврши сезоната по повредата на листот на ногата на натпреварот против градскиот ривал Јунајтед (0-0), додека напаѓачот Серхио Агуеро се здоби со повреда на задниот дел на бутниот мускул во средбата против Мидлсборо (2-2).
„Агуеро нема да игра, се надеваме дека ќе се врати за натпреварот против Лестер. Давид Силва исто така не е во добра состојба, иако тренираше во четвртокот. Браво и Џон Стоунс нема да можат да излезат на теренот. Без Чилеанецот сме до крајот на сезоната, додека Стоунс можеби ќе се врати во наредните натпревари“, изјави менаџерот на Сити.
„Знам колку е незгодна екипата на Кристал палас. Ги победија: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Лестер, Вест Бромич албион... Но сè е во наши раце. Ако победиме во три натпревари до крајот, можеби ќе можеме да дојдеме до третото место и до пласман во Лигата на шампионите“, изјави Гвардиола.

Најнови вести