Корисничко име Лозинка Пријави се
13.3.2018

Силва постигна два гола, Сити сигурен против Стоук

Фудбалерите на Манчестер сити победија на гостувањето кај Стоук со 2-0 во последниот натпревар од 30-тото коло на Премиер лигата.

Избраниците на Пеп Гвардиола ја остварија четвртата победа по ред во домашниот шампионат и сега повторно имаат предност од 16 бода во однос на Манчестер јунајтед.
Сити до триумфот дојде благодарение на головите на Давид Силва во десеттата и во 50-тата минута.
Кај првиот гол му асистираше Рахим Стерлинг, додека кај вториот таа улога ја презеде Габриел Жесус.
Стоук доживеа нов пораз во Премиер лигата, вкупно 15-ти оваа сезона. Се наоѓа на 19-тата позиција со 27 освоени бода, еден помалку од Саутхемптон, кој се наоѓа на 17-тото место.

Најнови вести