Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
04.4.2018

Агуеро не допатува во Ливерпул

Серхио Агуеро, фудбалерот на Манчестер сити, ќе го пропушти првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул поради повреда на коленото, потврди Пеп Гвардиола.

Агуеро нема одиграно натпревар од четврти март и од дуелот со Челзи, бидејќи потоа на тренинг го повреди коленото на левата нога.
Гвардиола се надеваше дека денешниот натпревар на „Енфилд роуд“ ќе го почне од клупата, но тоа нема да се случи.
„Серхио е во Манчестер, не дојде. Тој е многу подобро, но лекарите вчера разговараа со него и им кажа дека сè уште има малку проблеми“, изјави Гвардиола за британските медиуми.
Првиот натпревар од четврт-финалето меѓу Манчестер сити и Ливерпул се игра вечерва, од 20.45 часот на „Енфилд роуд“.

Најнови вести