Корисничко име Лозинка Пријави се
22.3.2018

Санчес искрен: Очекував повеќе

Алексис Санчес ѝ се придружи на репрезентацијата на Чиле, која во сабота ќе игра против Шведска, и покрај желбата да ги пропушти активностите на националниот тим поради тешкото привикнување во Манчестер јунајтед.

Во десетте одиграни натпревари за „црвените ѓаволи“ Санчес постигна само еден гол.
„Бидејќи најмногу барам од себеси, можам да кажам дека очекував повеќе. Ми беше тешко брзо да се навикнам на сè кога дојдов во Јунајтед. Дури и се двоумев да дојдам во Шведска“, изјави Чилеанецот.
Напаѓачот на Јунајтед сепак одлучил да биде дел од репрезентацијата во пријателските натпревари по советот на Клаудио Браво, капитенот на Чиле и голман на Манчестер сити.
„Барав дозвола да не играм во натпреварите против Шведска и Данска. Потоа подобро размислив, разговарав со Клаудио, кому му реков дека треба да бидеме единствени“, изјави напаѓачот од Чиле.
Санчес во Јунајтед дојде од Арсенал на 22-ри јануари, а дебитираше по четири дена против Јеовил. Досега единствениот погодок го постигна на трети февруари против Хадерсфилд.
„Промената беше ненадејна. Во јануари за прв пат во кариерата променив клуб. Но и полоши работи ми се случувале во животот“, изјави Санчес.
Репрезентацијата на Чиле не се квалификува за Светското првенство во Русија.

Најнови вести