Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2012

Солскјер во преговори со Астон вила

Норвешкиот клуб Молде потврди дека Оле Гунар Солскјер, нивниот тренер и поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед, почнал преговори за преземање на Астон вила.

Челниците на клубот од Бирмингам неодамна му врачија отказ на Алекс Меклиш поради освоеното шеснаесетто место на табелата и само седумте победи од вкупно триесет и осум кола.

Солскјер по завршувањето на играчката кариера две и пол години работеше како тренер на резервниот тим на „црвените ѓаволи“. Минатата година седна на клупата на Молде, со кого направи огромен успех и ја освои првата шампионска титула.

Најнови вести