Корисничко име Лозинка Пријави се
03.7.2013

Кардосо ја напушта Бенфика

Агентот на фудбалерот на Бенфика Оскар Кардосо рече дека неговиот клиент ќе го напушти тој португалски клуб до крајот на јули.

„Неговиот трансфер сигурно ќе биде завршен до 17-ти јули. Тој нема да се врати во Бенфика за подготовките, но не сакам да зборувам за деталите“, изјави агентот Педро Алдаве за португалските медиуми.
Алдаве минатата недела откри дека клубови од Премиер лигата се интересираат за Кардосо, додека Малки Мекеј, тренерот на Кардиф, вчера најави трансфер на триесетгодишниот фудбалер во неговиот клуб.
Кардосо во Бенфика дојде во 2007 година и за тој клуб одигра 260 натпревари и постигна 161 гол.

Најнови вести